Beautiful art thou O Babylon and desirable for thou hast given thyself to everything that liveth and thy weakness hath subdued their strength. For in that union thou didst understand. Therefore art thou called Understanding, O Babylon, Lady of the Night


    Потсвест

    Share
    avatar
    Мамојебач
    Admin

    Број на мислења : 64
    Join date : 2009-02-04

    Потсвест

    Пишување  Мамојебач on Чет Апр 30, 2009 9:29 am

    Ризницата се наоѓа скриена длабоко во вас. Одговорите на желбите на своето срце барајте ги во самите себеси.
    Големата тајна чие решение го имале најзначајните луѓе од сите епохи лежи во нивната способност да ги откријат и да ги ослободат силите на сопствената потсвест. И вие сте во состојба да го сторите истото.
    Потсвеста ги знае одговорите на сите прашања. Доколку, непосредно пред да заспиете и соопштите на својата потсвест „Сакам да се разбудам во шест часот“, таа ќе ве разбуди точно на време.
    Потсвеста е градител на вашето тело и е во состојба да ве лекува. Секоја вечер потонете во сон со помислата за совршено здравје и вашата потсвест како верен слуга ќе ја изврши наредбата.
    Секоја мисла е причина, а секоја особина нејзина последица.
    Ако сакате да напишете книга или драмска претстава, да одржите успешно предавање, тогаш својата желба внимателно и со љубов соопштете и ја на потсвеста и таа ќе ви ја исполни.
    Човекот е како капетан што управува со брод. Само правилните наредби го водат бродот до пристаништето, затоа и вие морате да и издавате (да имате правилни мисли и ментални слики)на својата потсвест што управува со сите ваши искуства.
    Никогаш не употребувајте ги изразите „Тоа е прескапо“ или „Не сум во состојба да го сторам тоа“. Потсвеста секогаш ќе ве сфати сериозно и ќе се потруди никогаш да не стекнете пари, односно да не се оспособите за тоа кон кое се стремите. Наместо тоа, зборувајте си на се*еси, „Во состојба сум се да сторам со помошта на мојата потсвест.“
    Законот на животот е закон на вербата. Вербата е мисла што се раѓа во умот. Не верувајте во работи што ви причинуваат штета и болка. Верувајте дека потсвеста е способна да ве лекува, да ве вдахнува, да ви дава сила и да ве води во подобра иднина. Успехот во животот е пропорционален со вербата во успехот.
    Ако ги примените своите мисли, ќе ја примените и својата судбина.

      Сега е точно Пет Сеп 21, 2018 3:02 am