Beautiful art thou O Babylon and desirable for thou hast given thyself to everything that liveth and thy weakness hath subdued their strength. For in that union thou didst understand. Therefore art thou called Understanding, O Babylon, Lady of the Night


    3имска меланхолија

    Share
    avatar
    Мамојебач
    Admin

    Број на мислења : 64
    Join date : 2009-02-04

    3имска меланхолија

    Пишување  Мамојебач on Чет Апр 30, 2009 9:35 am

    Ако во овој период од годината се чувствуват мрачно и нерасположено, ако сте без причина тажни и поспани, тогаш најверојатно страдате од зимска депресија. Причината за ова нарушување е недоволната сончева светлина во текот на денот.
    Овој синдром е откриен пред повеќе од 100 години, но дури во средината на 80тите години на минатиот век е и медицински потврден и признат како посебен облик на депресија предизвикан од недостигот на сончева светлина.
    Се проценува дека секоја десетта возрасна личност страда од поблаг облик на сезонска депресија. Кај нив заморот, летаргијата и незадоволството од животот се поизразени во зимските месеци, отколку во другите периоди на годината. Секој педесетти човек го искусил потешкиот облик на оваа болест. Во однос на полот, поизразена е кај жените (најчесто кун 30-40 години), а помалце кај мажите.
    Симптомите се најразновидни, а вклучуваат раздразливост, апатија, претерана поспаност, намалена работна способност, зголемена потреба од јаглехидрати и слатка храна и маналена желба за дружење.
    Личностите што страдаат од оваа депресија обично секоја зима ги чувствуваат симптомите, а врвот го достигнуваат во Декември кога на нивните проблеми се надоврзува стресот за подготовките за новогодишните празници.
    Иако прилината за јавување на зимската меланхолија не е во потполност разјаснета, сепак, се смета дека причините немаат психолошки корени. Стручњаците мислат дека недостигот од дневно светло создава биохемиска нерамнотежа во мозокот што може да предизвика симтоми кои можат да се доведат во врска со сезонската депресија.
    Намаленото количество сончева светлина го зголемува производството на хормонот мелатонин(го контролира природниот биолошки саат) поради што сите ние, посебно сезонските депресивци, во зимските месеци се чувствуваме поспано и летаргично.
    Наспроти тоа, кога сме изложени на силна сончева светлина се зголемува лачењето на хормонот серотонин (хормон на среќата), кој придонесува да се зголеми расположението. Ниското ниво на овој хормон на мозокот може да биде причина за депресија. Важно е во текот на зимските денови што повеќе време да поминувате на воздух, се разбира дека сонцето свети макар и низ облаци, а посебно е корисно шетањето надвор кога има снег, затоа што снегот ја рефлектира светлината.

      Сега е точно Чет Ное 15, 2018 11:23 pm