City of the Pyramids

Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Beautiful art thou O Babylon and desirable for thou hast given thyself to everything that liveth and thy weakness hath subdued their strength. For in that union thou didst understand. Therefore art thou called Understanding, O Babylon, Lady of the Night


    Емоционална интелигенција

    Мамојебач
    Мамојебач
    Admin


    Број на мислења : 64
    Join date : 2009-02-04

    Емоционална интелигенција Empty Емоционална интелигенција

    Пишување  Мамојебач Чет Апр 30, 2009 9:33 am

    Што е Емоционална интелигенција?

    Емоционалната интелигенција е способност кај поединецот да ги доживува и разбира своите емоции. Тоа е способност да се воочуваат емоциите, да се поттикнуваат и да се користат во когнитивните функции (мислење, креативност способноста за анализирање на проблемот, донесување успешни одлуки), да се развива разбирањето на емоциите и да се развива размислувањет за сопствените емоции,а со цел да се поттикне личниот емоционален и интелектуален развој.
    Постојат четири типа на способности кои се дел од емоционалната интелигенција:
    Свесност за сопствените и емоциите на другите луѓе – станува збор за свесност на индивидуата за сопствените и туѓите вербални(говор) и невербални ( израз на лицето, бојата на гласот, ставот на телото) емоционални изразувања.
    Користење на емоциите во процесот на мислење – кога индивидуата е свесна за сопствените емоционални реакции на средината, мислата е водена од она што е приоритет на поединецот во таа средина, а тоа е основата на здраво психичко функционирање. Исто така, забележано е дека емоциите ја поттикнуваат креативност кај луѓето.
    Разбирање на значењето на емоциите – целта на емоциите е да пренесе некоја информација: радоста значи дека ви е пријатно со некого, лутината можеби значи дека неправедно се однесувале спрема вас.Емоциите се реакција на случувањата во средината. Ако успешно ги разбираме своите емоции, посоодветно ќе реагираме во конкретна ситуација.
    Зошто ни е потребна емоционалната интелигенција?


    Истражувањата покажуваат дека емоционалното здравје е основа на ефективно учење. Се увидело дека најбитниот елемент за успехот на учениците во училиштата е тие да можат да разберат како да учат. Клучно за ова разбирање е следново:
    Самодоверба
    Љубопитност
    Разбирање важноста на она што го учат
    Самоконтрола
    Поврзаност
    Комуникативност
    Соработливост
    Сите овие елементи се исто така елементи на емоционалната интелигенција. Исто така, се покажало дека емоционалната интелигенција е подобар показател за успех отколку класичната интелигенција. Луѓето кои се справуваат подобро со своите емоции и се во состојба да имаат добра релација со другите луѓе, имаат повеќе потенцијали да живеат задоволен живот. Покрај тоа, среќните луѓе се повеќе во состојба да запмтат информации, отколку оние кои не се задоволни. Развивање на емоционалната интелигенција е нешто кое влијае врз животот на долги патеки. Постоењето на зголемено ниво на проблеми кај младата популација, од проблеми како ниска самодоверба до проблеми од типот на зависности, поттикнува на размислување за потребата да се развива емоционалната интелигенција уште кај децата. Исто така, во многу компании во САД се воведуваат обуки кои ставаат акцент на развојот на компонентите на емоционалната интелигенција, а со цел да се поттикнат и да се мотивираат вработените, како би се зголемила продуктивноста и профитот. “Емоционалната интелигенција е водечката вештина, способност која во голема мера влијае на сите други способности, со тоа што или ги води или интерферира со нив” – Daniel Goleman, Emotional Intelligence

    http://mojamedicina.com.mk/default.aspx?pArtID=96

      Сега е точно Пет Апр 26, 2024 2:57 pm